ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ:
Референтен број на проeктот: 2021-1-TR01-KA220-VET-000034720
Наслов на проектот на англиски јазик: Project Naturalistic Instruction: Exploding and Transferring Evidence-Based Strategies for Early Childhood Inclusion Professionals
Краток наслов на проектот (акроним): Project Naturalistic Teaching
Времетраење на проектот: 28/02/2022-27/02/2024
Проектен конзорциум:
1. Анадолски универзитет, Ескишехир, Турција (Anadolu University, Eskisehir, Turkey) – координатор на проектот
2. Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ Скопје, Северна Македонија (Association for Promotion of Education, Culture and Sport Education for All Skopje, The Republic of North Macedonia)
3. Фондација за аутизам Тохум, Истанбул, Турција (Tohum Autism Foundation, Istanbul, Turkey)
4. МСХ Медицински факултет во Хамбург, Хамбург, Германија (Medical School Hamburg - MSH, Hamburg, Germany)
5. Универзитет Лоранд Етваш, Будимпешта, Унгарија (Eotvos Lorand University, Budapest, Hungary)
6. С.И.Н.Н. Д-р Претис, Грац, Австрија (S.I.N.N. Dr. Pretis, Graz, Austria)
Проект за настава во природна средина
Инклузивното воспитување и образованието на децата со попреченост е важна и актуелна тема во земјите на ЕУ, но и во Турција и во Северна Македонија. Со зголемувањето на важноста и поддршката која им се дава на инклузивните училници, се појави потребата за поучување во природната средина на учениците. Процесите на поучувањето во природна средина вклучуваат ефективни и практични стратегии кои можат да се користат во секојдневните образовни процеси, особено во предучилишните инклузивни училници.
За да бидат успешни инклузивните практики, потребни се практични насоки кои ќе им објаснат и ќе им покажат на воспитувачите и наставниците во предучилишното воспитание на кој начин можат да ги поучуваат децата во текот на секојдневните рутински дејства, активности и премините од една кон друга активност или место. Главната идеја на овој проект е дека, пред сè, токму секојдневните повторливи процеси, т.е. рутини, дневните активности и периоди на транзиција имаат висок потенцијал да се користат како ситуации за поддршка.
Во таа насока, проектот ќе понуди брошури за поддршка, аудиовизуелни и веб 2.0 материјали кои обезбедуваат секојдневни научно-базирани примери на емпатична игра и учење за родителите и стручните лица, а кои вклучуваат, на пример, развој на цели за учество, дневни рутини, активности, и многу повеќе. Проектот има за цел да комуницира секојдневни идеи и методи кои го зајакнуваат соодветниот развојен потенцијал на децата. Во соработка со проектните партнери, подготвените содржини ќе бидат слободно достапни на македонски, турски, германски, англиски и унгарски јазик.