Preloader
Модул бр. 1. Процес на поучување во природна средина

Модул бр. 1. Процес на поучување во природна средина

Поучувањето во природната средина претставува процес кој му помага на детето да ги постигне поставените цели преку смисловно вградување на тие цели во секојдневната рутина и активностите на детето. Со други зборови, наставата во природна средина е процес кој обезбедува можности за сите мали деца – како за децата со попреченост или децата од групите во ризик, така и за децата со типичен развој - да стекнат вештини и да ги зајакнат стекнатите вештини преку поучување кое се одвива во секојдневниот природен живот на детето (рутината, секојдневните активности и периодите на транзиција од една средина во друга, на пример од домашната средина во градинката и обратно или кон други природни средини).

Документ како пример Образовен портал
Модул бр. 2. Попреченост во развојот - Што е тоа?

Модул бр. 2. Попреченост во развојот - Што е тоа?

Потешкотиите во учењето или интелектуалната попреченост влијае на секојдневниот живот на детето, што може да се забележи во развојот, во справувањето со новите ситуации, во комуникацијата, мобилноста или, пак, односите на децата. Таа, исто така, вклучува и ситуации во кои, на пример, детето не може да учествува на начин што е типичен за неговата возраст или има потешкотии да ги разбере сложените односи. Ова можат да бидат знаци на развојно нарушување.

Најчесто користената дефиниција за интелектуалната попреченост е дефиницијата на Американската асоцијација за интелектуални и развојни попречености (American Association on Intellectual and Developmental Disabilities, AAIDD), според која интелектуалната попреченост „се карактеризира со значително ограничување во интелектуалното функционирање и способноста за адаптација; таа е вид на попреченост која се манифестира во когнитивни, социјални и практични адаптивни вештини. Оваа попреченост се јавува пред 18-годишна возраст“.


Документ како пример Образовен портал
Модул бр. 3. Респонсивно однесување

Модул бр. 3. Респонсивно однесување

Респонсивното однесување на возрасните претставува збир на однесувања развиени за возрасните лица (родители, старатели, наставници итн.) кои поголемиот дел од своето време го поминуваат во интеракција со малите деца и грижата за нив, а се во насока на поддршка на развојот на детето.

Документ како пример Образовен портал
Модул бр. 4. Стратегии и техники за поучување во природна средина

Модул бр. 4. Стратегии и техники за поучување во природна средина

За време на рутините, активностите и транзициите, т.е. периодите на преод од едно на друго место или активност, кои природно се случуваат на дневна основа, постојат многу можности за процеси на поддршка и поучување. Сепак, во овие ситуации, децата може да не се во можност сами да развијат вештини и да способности, особено оние кои се потешки за совладување. Поради тоа, вие како наставници треба да креирате насочени можности за учење во текот на денот и да применувате конкретни наставни стратегии и техники.

Документ како пример Образовен портал
Модул бр. 5. Уредување на опружувањето

Модул бр. 5. Уредување на опружувањето

Природната средина во која детето живее, односно престојува нуди бројни можности да се научат основните вештини и однесувања кои тоа дете треба да ги совлада. Како наставници, една од нашите основни задачи е да ги уредиме природните средини на детето така што детето да може најлесно и најдобро да ги стекне и/или да ги зајакне основните вештини и однесувања. Со други зборови, додека вообичаените рутини, активности и преодни периоди или т.н. „транзиции“ што се одвиваат во текот на денот во предучилишните установи нудат природни можности за учење, во некои случаи е неопходно тие да се организираат на начин соодветен за постигнување на целите определени за детето.

Документ како пример Образовен портал