Preloader

Куса содржина на проектот

Цели

Идејата на овој проект е дека, пред сè, секојдневните повторливи процеси, т.е. рутини и дневните активности имаат висок потенцијал да се користат како ситуации за поддршка. Проектот има за цел да претстави текстуални и визуелни материјали поставени на Интернет кои ќе им помогнат и ќе ги водат наставниците во предучилишното образование низ процесите на поучување на децата во нивната природната средина, односно за време на секојдневните рутини и активности. 

Тема, концепт и литература

Со зголемувањето на важноста и поддршката која им се дава на инклузивните училници, се појави потребата за настава во природната средина на учениците, чии процеси вклучуваат ефективни и практични стратегии, а кои можат да се користат во секојдневните образовни процеси, особено во предучилишните инклузивни училници. За да бидат успешни инклузивните практики, потребни се практични насоки кои ќе им објаснат и ќе им покажат на воспитувачите и наставниците во предучилишното воспитание на кој начин можат да ги поучуваат децата во текот на секојдневните рутини и активности. 

Оригинален придонес

Резултати од проектот се брошури за поддршка и аудиовизуелни и веб 2.0 материјали кои на наставниците во предучилишното образование ќе им понудат научно-базирани практични примери за тоа како поставените цели за децата со попреченост можат да се постигнат за време на секојдневните рутински дејства, активности и транзиции.  

Пошироко влијание

Во соработка со проектните партнери, подготвените содржини ќе бидат слободно достапни на македонски, турски, германски, англиски и унгарски јазик.

Претплати се на нашиот билтен

Со вклучување на нашата листа за е-билтен, ќе добивате редовни известувања за проектот Поучување во природна средина